24фудбал

Фанови на Ливерпул со билети не можат да влезат, поради тие кои се обидуваат да влезат без карта

Пред стадионот во Париз се случува вистински хаос поради лошата организација и навивачи на Ливерпул кои без билет пробуваат да влезат на мечот.

Лига на Шампиони

Иако натпреварот е распродаден, на стадионот има многу празни места. Голем дел од фановите кои имаат влезници не можат да влезат поради хаосот кој го направија оние кои се обидуваат да влезат без карта.

Веројатно ќе има навивачи кои нема ниту да присуствуваат на мечот а имаат купено билет.

Вината се бара во организаторот и во фановите на Ливерпул кои иако немаа билет се обидуваат да влезат на стадионот.

Организаторот на мечот потфрли, ова е голем срам, досега невидено за натпревар од највисоко ниво на УЕФА.