24фудбал

Финалето ќе доцни, пред стадионот се случува хаос, навивачи на Ливерпул се обидуваат да влезат без билет (ВИДЕО)

На вратите пред стадионот во Париз се случува вистински хаос поради што натпреварот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе доцни.

Лига на Шампиони

Последните информации велат дека доцнењето на мечот е поради хаосот кој што се случува пред портите на стадионот. Навивачи на Ливерпул се обидуваат да се прекачат и да влезат и покрај тоа што немаат билет.

Обезбедувањето очигледно не е на нивото на овој меч, организаторот ги изгуби работите од контрола, па во моментов не се влегува нормално на стадионот кој иако е распродаден, на него има многу празни места.