24фудбал

Официјални состави: Ливерпул - Реал Мадрид

Јирген Клоп и Карло Анчелоти ги определија стартните 11 кои ќе го почнат вечерашното големо финале од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Клоп и Анчелоти ги извадија очекуваните состави.

На голот на Ливерпул е Алисон, централно во дефанзивата се Ван Дајк и Конате, на бековските позиции се Робертсон и Александер Арнолд, во средниот ред се Фабињо, Хендерсон и Тиаго Алкантара, а офанзивната тројка ја сочинуваат Луис Диаз, Мане и Салах.

Реал Мадрид почнува со Куртоа на голот, централни дефанзивци се Милитао и Алаба, а бекови Карвахал и Менди. Во средниот ред стандардно Касмери, пред него Крос и Модриќ. Странично ќе напаѓаат Валверде и Винисиус, а најистурен е Бензема.