24фудбал

Изненадувачкиот подарок од Флорентино Перез за Чеферин

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез му даде мала верзија од новиот Бернабеу на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Лига на Шампиони

Флорентино Перез и Александер Чеферин не е се во добри односи, синоќа се случи нивната прва средба по препукувањата за формирање на Суперлигата.

Претседателот на Реал Мадрид, на Чеферин му даде сувенир, новиот Бернабеу во мала верзија. Иако претседателот на УЕФА прими подарок и од Ливерпул, шпанските медиуми како изненадување го оценија гестот на Перез.

Иако средбата меѓу Перез и Чеферин била приватна, информациите велат дека таа поминала во добра атмосфера.