24фудбал

Многумина го гледаат веќе надвор од ПСЖ, Покетино кажа што мисли за тоа

Гласни се шпекулациите дека ПСЖ во новата сезона ќе има нов тренер, но Маурисио Покетино вели дека сака да продолжи и е комплетно фокусиран на тимот.

Франција

Се верува дека Покетино наскоро ќе добие отказ, а како прв име за негов наследник се споменува Зинедин Зидан.

„Од тоа што го знам до денес, останувам тренер на ПСЖ. Ништо не се променило и јас останувам тука 100 проценти. Фокусиран сум на ПСЖ“, вели Покетино.

„Имам договор до јуни 2023 и сакам да продолжам тука“.

Некои извори велат дека Мбапе има високо мислење за Покетино, па можно е тој навистина да остане во ПСЖ. Како и да е, разврската се очекува наскоро.