24фудбал

Историја за Рома, пет од пет за Мурињо! (ВИДЕО)

Рома го победи Феенорд со 1-0 во финалето од Конференциската лига и го освои својот прв историски трофеј во Европа, Жозе Мурињо го продолжи перфектниот скор во европските финалиња, Португалецот сега има пет од пет.

Италија

Рома е првиот освојувач на Конференциската лига, италијанскиот тим со 1-0 го победи Феенорд во финалето кое се играше во Тирана и се радува на трофејот.

За Жозе Мурињо ова беше петто европско финале и петта победа. Тој ќе биде запишан и како прв тренер кој ги освоил Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.

Натпреварот не изобилуваше со фудбалска убавина, особено не во првото полувреме во кое падна и единствениот гол.

Тоа се случи во 32. минута кога по асистенција од Манчини, Заниоло добро ја прими топката и ја смести во мрежата на Феенорд за водство на Рома од 1-0.


Холандскиот тим беше најопасен на почетокот од второто полувреме кога двапати ја погоди стативата. Откако фудбалерите на Рома ги одбранија тие налети, во продолжението од мечот воспоставија контрола на теренот и се одбранија.

На крајот заслужено се радуваа на трофејот, а Мурињо почна да им носи титули уште во својата прва сезона на клупата на римската волчица.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.