24фудбал

Се сменија улогите: ПСЖ сега сака да го продаде Нејмар, ама Нејмар не сака да си оди

Како што пренесува Л’Екип, ПСЖ сака да го продаде Нејмар ова лето, но Бразилецот нема намера да замине од Париз.

Франција

Нејмар речиси секое лето се поврзуваше со заминување од Париз, Барселона силно притисна во 2019, но ПСЖ тогаш не сакаше да слушне за продажба на напаѓачот. Слично беше и во 2020 година за во 2021 да биде ставен крај на шпекулациите и фудбалерот да стави потпис на нов договор.

Но сега откако Килијан Мбапе остана во Париз и ја продолжи соработката, одново се пишува за  заминување на Нејмар од „Паркот на принцовите“.

Но сега улогите се променети, ПСЖ е тој што сака трансфер а Нејмар е тој што сака да остане.

„Никој ништо не ми кажал. Сакам да останам“ – вели Бразилецот.

Луѓето кои се грижат за кариерата на напаѓачот, за Л’Екип додаваат: „Никој не стапил во контакт со нас за да не информира дека Нејамр е на продажба. Минатата година извршија притисок за да го продолжиме договорот и го продолживме“.

ПСЖ сега бара начин како да се ослободи од Нејмар, но воопшто не е лесно.

„Тој е премлад (30 години) за да оди во МЛС, а во Европа, најголемите клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул или Баерн Минхен, не се заинтересирани за неговите услуги“ - пишува Л'Екип.

Барселона би можела да го обнови интересот, но „каталонците“ немаат пари, Лапорта денеска говореше за едно вакво сценарио.

„Кој не би го сакал Нејамр? Се работи за извонреден фудбалер. Но тој може да се врати само беспари. Не сме во позиција да правиме големи трансфери“ – рече претседателот на Барса.

Њукасл е клубот кој има пари и желба да го донесе Нејмар, но прашање е дали Бразилецот е заинтересиран за преселба на Сент Џејмс Парк.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.