24фудбал

Ал Келаифи побарал помош од пријател за да го убеди Мбапе да остане во ПСЖ

Според „АС“, Насер Ал Келаифи побарал помош од Антеро Енрике, поранешниот спортски директор и човек од доверба на семејството Мбапе.

Франција

Шпанскиот весник тврди дека Мбапе немаше да потпише нов договор со ПСЖ доколку не бил ангажиран Антеро Енрике.

Тој е поранешен спортски директор на ПСЖ, човекот кој го ангажираше Мбапе од Монако и кој го донесе Нејмар од Барселона. Во моментов работи како спортски директор на катарската фудбалска лига. Енрике е близок човек на Емирот од Катар, но и на фамилијата Мбапе.

Неговото присуство во операцијата било клучно за Мбапе да се предомисли. Тој пристигнал од Доха и останал две-три недели во Париз каде секојдневно работел на новиот договор за фудбалерот.

Економскиот фактор бил важен, но не одлучувачки бидејќи ПСЖ и Реал Мадрид имале слични понуди. Пресудни биле ветувањата дадени од Енрике за насоката кон која ќе се движи клубот.

Се разговарало за драстични промени во спортскиот менаџмент и составот на типот. Мбапе бил убеден дека тоа е вистинскиот проект за него по што се предомислил и ставил потпис на нов договор.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.