24фудбал

Пелегрини: Утре го играме натпреварот на сезоната

Утре на програмата е финалето од Конференциската лига меѓу Рома и Феенорд кое се игра во Тирана, за капитенот на италијанскиот тим тоа е натпревар на сезоната.

Италија

Утре од 21 часот Рома и Феенорд ќе се борат за првиот трофеј во Конференциската лига.

„Дојдовме тука да победиме. Ќе играме со посветеност да се обидеме со трофеј да го крунисаме овој процес на зреење“, вели Пелегрини.

„Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи. Ќе се обидеме во пракса да го покажеме тоа што сакаме, но сакам да им се заблагодарам бидејќи ова беше прекрасна година“.

„Се жртвувавме себеси еден за друг, страдавме и се радувавме заедно, тоа е тоа што го прави една група“.

„Конечно имам чувство дека сме вистински тим. За мене, како капитен, но и за другите, полесно е така, кога сме тим“.

„Фановите беа неверојатни оваа сезона, тие секогаш ни даваа поддршка“.

„Утре е многу значаен натпревар за нас и за нив. Ќе дадеме се од себе за да победиме. Утре е меч на сезоната. Тоа е прво финале за мене и ќе ги претставувам овие бои, не можам да посакам ништо подобро“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.