24фудбал

Одредена цената на Левандовски: Баерн нема намера да седне на преговори со Барса за сума помала од 50 милиони

Според пишувањата на Марка, Барселона треба на маса да стави 50 милиони евра за Баерн Минхен да отвори преговори за трансфер на Роберт Левандовски, но и тоа може да не биде доволно за трансфер.

Германија

Роберт Левандовски сака да го напушти Баерн и одби да стави потпис на нов договор, неговиот агент јасно порача дека е завршена авантурата во Минхен.

Но и „баварците“ во неколку наврати повторија дека Полјакот ќе треба да си ја одработи последната година од договорот.

Според пишувањата на Марка, ставот на Баерн сепак не е толку цврст и тие се подготвени да го продадат Роберт Левандовски доколку добијат соодветна понуда. Минималната сума која ја бараат е 50 милиони евра, и немаат намера да седнат на преговори со Барселона доколку понудата на „каталонците“ не ја достигнува оваа бројка.

Марка додава дека ова е само еден услов за реализирање на трансфер, вториот е Баерн Минхен да најде соодветна замена.

Дарвин Нуњез од Бенфика е една опција, но неговата цена е 100 милиони евра, па зделката е прилично комплексна. Саша Калајџиќ од Штутгарт исто така е на радарот на шампионот на Германија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.