24фудбал

Мбапе го одби, но младата ѕвезда на Монако го одбра Реал и прави трансфер од 80 милиони

Според пишувањата на Радио Монте Карло, младиот Орелиен Чуамени од Монако се сели во Реал Мадрид во трансфер вреден 80 милиони евра плус бонуси.

Шпанија

22 годишниот Орелиен Чуамени важи за еден од најперспективните играчи во Франција и Европа, со своите добри партии во дресот на Монако го привлече вниманиеот на неколку клубови како Реал Мадрид, Ливерпул, Јувентус и Челси.

Според информациите на Радио Монте Карло, фудбалерот од средниот ред решил кариерата да ја продолжи во престолнината на Шпанија и договорил петгодишна соработка со Реал.

„Кралевите“ за услугите на Орелиен Чуамени ќе платат 80 милиони евра, плус бонуси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.