24фудбал

Интер му дал ултиматум на Перишиќ, два клуба од Англија ја следат ситуацијата

Според „Газета дело Спорт“, Интер му дал ултиматум на Иван Перишиќ до крајот на оваа недела да се изјасни дали ќе го продолжи договорот или ќе замине, Челси и Њукасл се интересираат за него.

Италија

Договорот на Перишиќ со Интер истекува ова лето, нероазурите на вчерашниот состанок со неговиот агент ја зголемиле сумата во однос на претходната понуда.

Од таборот на Перишиќ не ја отфрлиле можноста за продолжување на договорот, но го информирале Интер дека од странство има клубови кои му нудат повеќе на Хрватот.

Понудата на Интер е 5 милиони евра по сезона плус бонуси со кои може да стигне до 6 милиони евра по сезона.

Челси и Њукасл се интересираат за 33-годишниот фудбалер и чекаат да видат дали тој ќе продолжи со Интер или ќе биде достапен за ангажман.

Интер му дал ултиматум на Перишиќ да се изјасни до крајот на неделава дали ќе ја прифати понудата за нов договор или ќе си замине. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.