Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека не му е јасно како Барселона може да има пари за ангажман на Роберт Леваондовски кога неодамна искажа загуба од 1,3 милијарди евра.
Категорија: Германија 23.05.2022 21:11
Роберт Левандовски не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхен и сака уште ова лето да замине од „Алианц Арена“. Се верува дека Полјакот веќе се има договорено со Барселона и планира кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.
„Баварците“ не сакаат лесно да се откажат од услугите на напаѓачот и според пишувањата на Билд, веќе е одбиен еден предлог вреден 32 милиони евра.
Во меѓувреме, почесниот претседател Ули Хенес вели дека не му е јасно како Барса може да си го дозволи голгетерот.
„Барселона сака да го ангажира Левандовски а пред неколку месеци пријавија долг од 1,3 милијарди евра. Во Германија, од поодамна ќе беа банкротирани. Судија за банкрот ќе им тропаше на врата и ќе се расправаа со него наместо да подготвуваат милионска понуда“ – вели Ули Хенес.
Тој потоа додаде: „Роберт има договор. Во овој момент, никој во Баерн нема да го ослободи од договорот. Исто така до овој момент не е пронајдена замена за него, па јасно е што ќе направи клубот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.