24фудбал

Конте се закани дека ќе се оди, Тотнем му вети пари за троешење и шест засилување

Првиот човек на Тотнем, Даниел Леви е подготвен да го одврзе ќесето за да го задржи Антонио Конте, „спарси“ му ветуваат шест засилувања на стратегот за да продолжи во Северен Лондон.

Италија

Антонио Конте практично направи чудо на клупата на Тотнем и успеа да ги донесе „спарси“ до топ 4 финиш и настап во Лигата на шампиони.

По победата над Норич во последното коло, стратегот сепак одби да потврди дека останува во Северен Лондон.

„Под договор сум до следното лето, но сите знаат добро дека сум амбициозен. Сакам да се борам за нешто важно, сакам да се борам за трофеј. Ќе видиме што ќе се случи, во неколку наврати кажав дека по крајот на сезоната ќе седнеме со раководството и ќе одлучиме што е најдобро за мене и за клубот“ – рече Антонио Конте.

Како што пренесува Телеграф, Даниел Леви е подготвен да го одврзе ќесето за да го задржи стратегот.

Спортскиот директор Фабио Паратичи оваа недела ќе отпатува во Италија и на Антонио Конте ќе му ги презентира плановите и ветувањата за шест засилувања.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.