24фудбал

Моќниот говор на Ибра во соблекувалната на Милан: Дојдете сите тука... (ВИДЕО)

По освојувањето на Скудетото, Златан Ибрахимовиќ одржа моќен, шампионски говор во совлекувалната на Милан кој сега излезе во јавноста.

Италија

Заслугите на Ибрахимовиќ за Скудетото на Милан се огромни затоа што тој го промени менталитетот на фудбалерите, им вбризга шампионска самодоверба која резултираше со освојување на шампионската титула.

Учинокот на Ибра на теренот не е како во неговото минато, но тој е исклучително важен за тимот на Милан, а од видеото ќе видите и зошто:

„Дојдете сите тука! Момци, бидете мирни, нема да кажам дека си одам. Момци, од првиот ден кога дојдов, потоа дојдоа и други... многу малку веруваа во нас, но ние сфативме дека треба да се жртвуваме, да страдаме, да веруваме и да работиме. Кога тоа се случи, станавме група. И кога си група, можеш да постигнеш работи кои ние ги постигнавме“, вели Ибра.

„Сега ние сме шампиони на Италија. Прво сакам да им заблагодарам на сите фудбалери. Сега зборувам од името на целиот тим. Сакаме да им заблагодариме на Паоло (Малдини), Рики (Масара) и Иван (Газидис). Не беше лесно, но бевме вистинска група оваа сезона. На почетокот од сезоната никој не веруваше во нас, но поради овие принципи ние станавме посилни“.

„Горд сум на сите вас. Сега направете ми услуга, славете како шампиони, бидејќи не е Милано тој што му припаѓа на Милан, Италија му припаѓа на Милан“!


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.