24фудбал

Малдини го предизвика Интер: Милан ќе дојде прв до 20 Скудета

Директорот на Милан, Паоло Малдини постави предизвик до Интер, кој од двата клуба од Милано прв ќе дојде до 20 титули во Серија А.

Италија

Милан го освои 19. Скудето и со тоа се израмни со Интер. 20 освоени Скудета значи и втора ѕвездичка на дресот.

Малдини во ТВ шоуто „Че Темпо Фа“ рече дека тие ќе стигнат први до две ѕвездички.

„Ние први ќе стигнеме до втората ѕвездичка“, изјави Малдини, а тоа беше протолкувано како предизвик за Интер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.