24фудбал

Трансфер пазарот уште не е отворен а Дортмунд го комплетираше четвртото засилување

Борусија Дортмунд продолжува да носи засилувања, „милионерите“ денеска го промовираа Салих Озџан од Келн, репрезентативецот на Турција стави потпис на договор до 2026 година.

Германија

Трансфер пазарот официјално почнува на 1. јули, но клубовите полека почнуваат да ги договаараат новите засилувања. Борусија Дортмунд е еден од најактивните клубови и веќе ангажираше четворица играчи.

По Никлас Зиле, Нико Шлотербек и Карим Адејеми, попладнево пристигна официјална потврда и за трансферот на Салих Озџан од Келн.

24 годишниот фудбалер од средниот ред, кој е роден во Германија но ги брани боите на Турција, стави потпис на договор до 2026 година и пристигнува во зделка вредна околу 10 милиони евра (некои извори говорат и за сума од 5-6 милиони евра).


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.