24фудбал

Баерн реши уште едно прашање и потпиша со Нојер, но останатите две се тешки

Мануел Нојер утрово стави потпис на нов договор, голманот ја продолжи соработката со Баерн Минхен до јуни 2024 година.

Германија

„Баварците“ решија уште едно прашање, по Томас Милер, потпис на нов договор стави и Мануел Нојер. Германецот утрово се обврза на соработка до јуни 2024 година.

„Мануел Нојер е најдобриот голман во светот, со години ги поставува стандардите. Среќни сме го продолживме неговиот договор, тој е значајна фигура во историјата на Баерн“ - вели генералниот извршен директор Оливер Кан.

Самиот Мануел Нојер рече: „Задоволен сум што продолжува мојата приказна со Баерн. Повторно ќе имаме добар тим со кој ќе се бориме за сите трофеи. Како голман, капитен и лидер на тимот, сакам да одиграм клучна улога во остварување на нашите големи цели. Сакаме да освоиме нова титула во Бундеслигата, и да атакуваме на трофејот од Купот на Германија и Лигата на шампиони“.

Пред раководството на Баерн Минхен сега се двата потешки случаи, односно Роберт Левандовски и Серж Гнабри. Полјакот веќе порача дека сака да си оди, додека пак Германецот ја одби и последната понуда, но јавно нема кажано какви му се намерите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.