24фудбал

Ибрахимовиќ му го посвети Скудетото на Рајола: Ова ми е првиот трофеј без него...

Златан Ибрахимовиќ имаше посебна поврзаност со неговиот агент Мино Рајола кој беше заслужен за неговите трансфери во текот на целата кариера.

Италија

Ибрахимовиќ, кој имаше огромно влијание за Скудетото бидејќи го промени менталитетот на неговите соиграчи, Скудетото му го посвети на починатиот Мино Рајола.

„Ова Скудето му го посветувам на Мино Рајола, тоа ми е прва титула без него. Тој беше еден од оние кои ме сакаше во Милан и ми рече дека јас сум единствениот кој може да го спаси Милан. Му го посветувам трофејот нему“, вели Ибрахимовиќ.

Запрашан што би му рекол сега Рајола да беше тука, Ибрахимовиќ на шега рече: „Ајде да играме уште десет години и да украдеме уште пари“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.