24фудбал

Агентот не се штедеше: За Левандовски, Баерн е историја, тие го загубија него не само како фудбалер, туку и како човек

Агентот на Роберт Левандовски, Пини Захави вели дека не му препорачува на Баерн Минхен да го држи неговиот фудбалер до крајот на договорот.

Германија

Левандовски сака да си замине од Баерн Минхен и да се пресели во Барселона. Тој има уште една година од договорот со Баварците кои не сакаат лесно да се ослободат од него.

„За Левандовски, Баерн Минхен е историја“, изјави агентот Захави за Билд.

„Тој едноставно сака да го напушти клубот по осум години. Има 34 години и сака да си го оствари сонот“.

„Сака да замине летово и не му е грижа за парите. Вистината е дека тој не се чувствуваше почитувано од бордот во изминатите месеци. Баерн го загуби Роберт не само како фудбалер, туку и како личност“.

„Баерн вели дека тој има договор до 2023? Се разбира, тие можат да го држат уште една сезона... но не им препорачувам да го направат тоа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.