24фудбал

Гвардиола: Му се јавив на Реал Мадрид да ми даде совет како да победам

Пеп Гвардиола се нашали по освојувањето на титулата во Премиерлигата кога беше прашан за епскиот пресврт кој го направи против Астон Вила.

Англија

Манчестер Сити за пет минути даде три гола и од 0-2 дојде на 3-2 против Астон Вила, благодарение на тоа стигна до титулата во Премиерлигата.

Оваа сезона Реал беше претплатен на возбудливи пресврти во Лигата на шампионите, па кога Пеп Гвардиола беше прашан да го објасни денешниот пресврт, тој се пошегува велејќи дека се јавил во Мадрид.

„Му се јавив на Реал Мадрид и од таму ми дадоа добар совет. Нема објаснување за тоа во Мадрид, нема објаснување и за ова денес. Тоа е моментум. Понекогаш е убаво да ги живееш овие ситуации. Имам чувство дека ова ќе ни помогне да бидеме посилни следната сезона“, изјави Пеп Гвардиола.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.