24фудбал

Стартуваа преговорите меѓу Барселона и Баерн Минхен за Левандовски

Барселона и Баерн Минхен почнаа да преговараат за трансфер на Роберт Левандовски, но разговорите се во почетна фаза, засега далеку од договор.

Германија

Роберт Левандовски сака да си замине од Баерн Минхен и да заигра со Барселона со која веќе ги договори личните услови.

Но, за трансферот да се реализира се прашува и Баерн Минхен кој не е лесен преговарач.

Информациите велат дека почнале преговорите меѓу двата клуба, Барселона ја доставила првата понуда за Левандовски, но таа била оценета како ниска од страна на Баерн Минхен.

Барселона треба да ја покачи сумата која ја нуди, но Баерн Минхен сака да најде и замена за Левандовски пред да го продаде.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.