24фудбал

Модриќ: Најтежок беше пресвртот против Сити, најзабавен беше против ПСЖ

Лука Модриќ ги опишува магичните ноќи на Сантијаго Бернабеу во кои Реал Мадрид кога беше отпишан успеваше да направи голем пресврт и да се пласира во следната рунда.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид имаше загубена ситуација и против Челси, и против ПСЖ и против Манчестер Сити, но на крајот секогаш тие се радуваа.

„Најтежок беше пресвртот против Манчестер Сити бидејќи речиси и да немаше останато време, но тимот и фановите веруваа до крај бидејќи тоа е во крвта на овој клуб. На крајот успеавме“, вели Модриќ.

„Најзабавен беше натпреварот против ПСЖ, тоа беа 15-20 минути на лудило бидејќи е многу тешко да се објасни што се случуваше во ноќите од Лигата на шампионите на Бернабеу“.

„Тоа беа магични ноќи кои не однесоа до Париз, се надеваме дека ќе освоиме уште една Лига на шампиони“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.