24фудбал

Челси од 20 шута даде само еден гол, реми со Лестер

Челси и Лестер одиграа 1-1, домаќините доминираа во текот на целиот меч па не може да бидат задоволни со ремито, со ист резултат заврши и дуелот меѓу Астон Вила и Барнли.

Англија

Уште на самиот старт од мечот се случи студен туш на Стемфорд Бриџ откако Медисон постигна убав гол од далечина за водство на Лестер од 1-0.

Во 34. минута по асистенција од Рис Џејмс, Алонсо погоди со волеј за 1-1.

До крајот на мечот Челси имаше многу шанси за комплетен пресврт и победа, но сите тие останаа неискористени.

Челси имаше 20 шута, даде еден гол, а Лестер од два шута даде еден гол.

1-1 заврши и мечот меѓу Астон Вила и Барнли. Гостите водеа со гол на Барнс од пред крајот на првото полувреме, домаќините израмнија преку Буендиа на стартот од вториот дел.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.