24фудбал

Луда атмосфера: Евертон избори опстанок, по победничкиот гол и фановите влегоа во терен (ВИДЕО)

На коло пред крајот од Премиерлигата, Евертон успеа да се спаси, денеска губеше со 2-0 по првото полувреме од Кристал Палас но успеа да го сврти мечот и да победи со 3-2.

Англија

Евертон сепак успеа да опстане во Премиерлигата иако по првото полувреме работите се одвиваа многу лошо за нив, па фановите стравуваа од најлошото со оглед на тоа дека во последното коло му гостуваат на Арсенал.

Во 21. минута Матета постигна гол за водство на Кристал Палас од 1-0, а Ајев во 36. минута зголеми на 2-0 за гостите.

По девет минути игра во второто полувреме Кин намали на 2-1 и го врати Евертон во живот, а во 75. минута Ришарлисон изедначи на 2-2.

На пет минути до крајот на мечот Калверт Луин даде гол за комплетен пресврт, победа на Евертон од 3-2 и опстанок во Премиерлигата.

Кога Калверт Луин го даде голот, навивачите на Евертон влегоа на теренот. Вообичаено тоа се случу во последниот судиски свиреж. Ретко се гледа во тек на меч од Премиерлига толку навивачи да влезат на теренот, но оваа победа премногу им значеше.


За опстанок во последното коло ќе се борат Лидс и Барнли.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.