24фудбал

Историја: И дами ќе судат на Светското првенство во Катар

ФИФА ги одреди судиите за Светското првенство во Катар, а за првпат на еден машки Мундијал ќе судат и дами, делегирани се шест судијки од кои три се главни.

СП 2022

Стефани Фрапар, Јошими Јамашита и Салима Мукансанга се трите главни судијки кои ќе ја делат правдата на Светското првенство во Катар, покрај нив на листата се уште три дами кои ќе бидат помошни судии.

Меѓу најпознатите судии се Мајкл Оливер и Ентони Тејлор од Англија, Славко Винчиќ од Словенија, Дани Мекели од Холандија, Даниеле Орсато од Италија и други.