24фудбал

Анчелоти: Мислам само на Ливерпул, не на Мбапе

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека во моментов во фокусот им е само финалето од Лигата на шампионите, а не и трансферот на Килијан Мбапе.

Лига на Шампиони

Шпекулациите за трансферот на Мбапе се секојдневни, се ближи денот кога фудбалерот треба да ја соопшти одлуката дали ќе оди во Реал Мадрид или ќе продолжи во ПСЖ.

На денешната прес-конференција Карло Анчелоти беше запрашан и за Мбапе.

„Во моментов размислувам само на финалето од Лигата на шампионите“, вели Анечлоти.

„Веќе знам со кој состав ќе играме. Само не знам дали ќе бидат поважни тие што ќе стартуваат или тие што ќе влезат од клупата за време на мечот“.

Анчелоти беше запрашан и дали фановите на Реал Мадрид го прашуваат за Мбапе.

„Не, бидејќи не се движам по улиците. Одам на тренинг, а потоа со автомобил си одам дома. Јадам во некои добри мадридски ресторани, но тие само ме прашуваат за финалето“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.