24фудбал

ПСЖ му нуди на Мбапе да биде „газда“, тој да одлучува кој ќе игра, кој ќе биде тренер...

Според шпанските медиуми, очајноста на ПСЖ да го задржи Килијан Мбапе оди дотаму што тие му нудат тој да биде главен на проектот, тој да има влијание на одлуките во тимот.

Франција

ПСЖ со сите сили се бори да го задржи Мбапе иако се чини дека тој е многу поблиску до Реал Мадрид, но додека и официјално не го стави потписот на договор со кралскиот клуб, шеиците ќе се обидуваат да го задржат.

Доколку има вистина во последните информации во Шпанија, ПСЖ му нуди нешто неверојатно на Мбапе, нешто досега невидено.

Тие му понудиле да биде газда на проектот. Тој да може да менува тренери, фудбалери како што тој сака. Покрај тоа му нудат огромна плата, многу поголема од таа што би ја заработувал во Реал Мадрид.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.