24фудбал

Џака гневен на соиграчите: Ако не сте подготвени за ваков меч останете дома, ни требаат играчи со муда

Арсенал синоќа загуби од Њукасл со 2-0 и треба чудо да се случи за да се вратат на четвртата позиција, шансите за ЛШ се речиси загубени.

Англија

Арсенал за два меча го загуби четвртото место на табелата иако имаше предност од 4 бода во однос на Тотнем. Топчиите синоќа одиграа очајно лош меч кај Њукасл, потфрлија кога најмногу требаше и шеста сезона по ред нема да играат Лига на шампиони.

Гранит Џака беше само еден од двајцата фудбалери во стартниот состав на Арсенал кои имаа над 24 години. Тој е бесен на своите соиграчи, но вели дека годините не се важни.

„Доколку некој не е подготвен за овој меч, остани дома, едноставно е. Годините не се важни, може да имате 30, 35, 10, 18, ако не сте подготвени, останете на клупата, останете дома, не доваѓајте тука“, вели Џака.

„Потрени ни се фудбалери со муда да дојдат тука и да играат бидејќи знаевме дека ова е еден од најважните натпревари за нас. Неприфатливо е да одиграме така. Многу, многу е тажно за нас, многу разочарувачки и многу ми е жал за навивачите кои дојдоа до тука да ни дадат поддршка“.

„Не го исполнивме планот, не игравме по планот, не го слушавме тренерот, сами ги правевме работите на своја рака и ова се случи“.

„Тоа што се случи беше катастрофални перформанси и кога е така, не заслужуваме да играме во Лигата на шампионите, не заслужуваме да играме ниту во Лига Европа и ова е многу тежок момент“.

„Не знам зошто не го правевме тоа што тренерот го бараше од нас“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.