24фудбал

Арсенал загуби кај Њукасл и практично остана без Лига на шампиони! (ВИДЕО)

Арсенал повеќе не одлучува сам за топ четири пласман, „топчиите“ загубија на гостувањето кај Њукасл со 2-0 и практично останаа без Лига на шампиони.

Англија

Арсенал ќе треба да чека услуга од испаднатиот Норич за да може следната сезона да игра во најелитното европско натпреварување.

Вечерва „топчиите“ загубија со 2-0 на гостувањето кај Њукасл, па Тотнем сега и со бод во последното коло ќе обезбеди топ 4 финиш.

Бен Вајт со автогол по десетина минути игра во второто полувреме најави дека Арсенал ќе остане без Лига на шампиони за во финишот од мечот Бруно Гимараеш да ја затресе мрежата за 2-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.