24фудбал

#СкратенКорнер: Дали Пеп некогаш повторно ќе ја освои Лигата на шампионите? (ВИДЕО)

Ново финале за „кралевите“ од Мадрид! А од друга страна, уште една сезона и уште едно разочарување на Манчестер Сити, кој и покрај големите вложувања, сè уште не може да ја освои Лигата на шампионите под водство на Пеп Гвардиола.

Лига на Шампиони

Реванш на Реал Мадрид против Ливерпул, како уште еден спектакл во најава! Но пред тоа, да го анализираме она што му се случи на Манчестер Сити во полуфиналето… Во само 5 минути Пеп го виде својот тим како од финалист се претвора во трагичар, благодарение на двата брзи гола на Реал Мадрид.

Како Карло Анчелоти „го надмудри“ Пеп Гвардиола во полуфиналето од Лигата на шампионите? Зошто медиумите го опишаа Пеп како виновник за поразот? Што понатаму за Манчестер Сити?

Дознајте во новата епизода на #СкратенКорнер.