24фудбал

Шкупи имаше голема прослава за шампионскиот трофеј (ФОТО)

Синоќа во последниот меч од сезоната Шкупи го доби шампионскиот трофеј, а вечерта на плоштадот „Скендер бег“ заедно со своите навивачи направи голема прослава.

Македонија

По убедливата победа над Академија Пандев од 3-0, на Шкупи му беше доделен шампионскио пехар. На вчерашниот натпревар присуствуваа и видни личности од политичкиот живот, премиерот Димитар Ковачевски беше во друштво со Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери.

Фудбалерите на Шкупи подоцна во денот со автобус се упатија кон плоштадот „Скендер бег“ каде што клубот организираше голема прослава за шампионската титула. Илијадници фанови беа присутни на настанот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.