24фудбал

Погба заминува од Англија, има две опции, денеска неговиот агент ќе разговара со Јувентус

Пол Погба нема да направи трансфер во Манчестер Сити, тој ќе замине од Премиерлигата, најблиску е до Јувентус, но во игра е и ПСЖ.

Италија

Погба има уште еден меч за Манчестер јунајтед по што станува слободен фудбалер. Се шпекулираше дека тој може да потпише за гратскиот ривал, но тоа нема да се случи.

Неговата агентка, Рафаела Пимента која го застапува Погба по смртта на Мино Рајола, денеска ќе има преговори со Јувентус.

Најважната точка од разговорите ќе биде платата на Погба. Јувентус не е во позиција да му понуди некоја огромна сума, па францускиот фудбалер ќе треба да прифати помала плата од таа што ја заработуваше во Манчестер јунајтед.

ПСЖ будно ја следи ситуацијата и подготвен е да реагира. Тие се вториот клуб кој е опција за Погба.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.