24фудбал

Пеп има порака до Саутемптон: Победете го Ливерпул со 4-0!

Пеп Гвардила на шега му порача на Саутемптон да го победи Ливерпул 4-0, тој е среќен што Манчестер Сити во последното коло сам решава дали ќе биде шампион.

Англија

Ремито кај Вест Хем значи дека Манчестер Сити ќе мора да победи во последното коло против Астон Вила доколку Ливерпул ги добие дуелите со Саутемптон и Вулвс.

Ливерпул утре му гостува на Саутемптон во мечот од 37. коло, па Гвардиола беше запрашан дали има порака за светците.

„Би рекол, да го победат Ливерпул со 4-0!“, помалку саркастично рече Гвардиола.

„Големата, големата привилегија е тоа дека ние во последното коло играме дома и се е во наши раце. Не треба да гледаме кон другите, треба само да дадеме се од себе и да победиме“.

„Против овој Ливерпул не можете да ја освоите лигата на четири кола пред крајот, мора да се борите до самиот крај“.

„Следното коло нашиот стадион ќе биде распродаден, ние ќе ги дадеме животите за нив и тие ќе ги дадат нивните за нас, сите заедно. Привилегија е позицијата во која се наоѓаме. Меч пред нашите навивачи за титула“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.