24фудбал

Романтично сценарио: Џерард може да му ја донесе титулата на Ливерпул

Ремито на Манчестер Сити на гостувањето кај Вест Хем, ги врати надежите на Ливерпул дека можат да ја освојат титулата во Премиерлигата, а за тоа удел треба да има нивната легенда, Стивен Џерард.

Англија

Ливерпул утре му гостува на Саутемптон и доколку победи ќе дојде на само еден бод до Манчестер Сити, а тоа ќе значи дека титулата ќе се одлучува во последното коло.

Во последното коло Ливерпул го пречекува Вулвс, а Манчестер Сити е домаќин на Астон Вила.

Астон Вила е предводена од Стивен Џерард, па неговите мотиви да остане непоразен кај Манчестер Сити ќе бидат посебно големи. Тој ќе има шанса да му ја донесе титулата на Ливерпул каде има статус на легенда.

За Ливерпул да биде шампион до крајот ќе мора да ги победи Саутемптон и Вулвс, а Манчестер Сити не смее да триумфира против Астон Вила.

Како и да е, тимот на Пеп Гвардиола ќе биде голем фаворит против Астон Вила и поинаков исход од нивна победа ќе биде изненадување, но изненадувања се случуваат.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.