24фудбал

Мбапе донел одлука: Готово е, остануваат уште некои детали

Килијан Мбапе вели дека наскоро ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата, вели дека речиси ја донел одлуката, остануваат уште некои детали, а во таборот на Реал Мадрид се оптимисти дека ги одбрал нив.

Франција

Дилемата на Мбапе е дали да го продолжи договорот со ПСЖ или да се пресели во Реал Мадрид. Јавноста, особено фановите на овие два клуба со нетрпение ја очекуваат неговата одлука.

„Не можам да кажам сега за мојата иднина, но многу наскоро ќе дознаете, речиси одлучив“, вели Мбапе.

„Сега не е вистинскиот момент, но мојата одлука е речиси донесена“.

„Официјално ќе соопштам пред да се приклучам на репрезентацијата на Франција во јуни. Прашање на денови е кога ќе биде официјално“.

„Треба да ги почитуваме сите инволвирани страни. Готово е, остануваат уште неколку детали, но готово е“.

Според Фабрицио Романо атмосферата во Реал Мадрид е оптимистичка по последните контакти со Мбапе. Се верува дека кралскиот клуб е неговиот избор, но се уште нема ништо официјално дека тоа навистина е така.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.