24фудбал

Пиоли со зборови на Коби Брајант ги мотивирал фудбалерите на Милан

Милан е на еден чекор до Скудетото, росонерите сами одлучуваат за својата судбина, потребно им е само да не загубат на гостувањето кај Сасуоло во последното коло.

Италија

Тоа за Пиоли ќе биде прво Скудето во тренерската кариера. По вчерашната победа над Аталанта, тој откри дека фудбалерите ги мотивиран со видео изјава од Коби Брајант кој беше фан на Милан.

„На момците им покажав едно интервју со Коби Брајант, кој при водство од 2-0 во НБА плеј-офот рече дека работата не е готова. Ние не сме завршиле. Треба да останеме смирени и фокусирани до самиот крај“, открива Пиоли.

Кога ние го преземавме кормилото на Милан, тимот имаше комплетно различни тактички идеи и концепти, па требаше да промениме се. Сега добрата работа е што фудбалерите уживаат и тоа е една од нашите најголеми сили“.

„Искрено, последните недели беа многу нормални, бидејќи го гледав однесувањето на моите фудбалери, тие се смееа, се шегуваа, беа посветени и фокусирани секој ден кога ќе дојдеа на тренинг. Не треба да се грижам бидејќи го гледам тој фокус“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.