24фудбал

Интер победи, Скудетото ќе се решава во последното коло (ВИДЕО)

Интер со 3-1 победи на гостувањето кај Каљари, а тоа значи дека Италија ќе го добие шампионот во последното коло.

Италија

Интер не дозволи Милан вечерва да се радува на Скудето, нероазурите со три бода се враќаат од гостувањето кај Каљари.

Во 25. минута Дармиан постигна гол за водство на Интер од 1-0, а по шест минути игра во второто полувреме Лаутаро Мартинез зголеми на 2-0.

Но, Каљари брзо возврати, само две минути подоцна преку Ликојанис намали на 2-1 и се вратија во игра, но сите дилеми за победникот ги реши Лаутаро Мартинез со својот втор гол во 84. минута со кој ги постави конечните 3-1.

Во последното коло Интер ја пречекува Сампдорија, а Милан му гостува на Сасуоло.

На Интер му е неопходна победа и пораз на Милан за тие да дојдат до Скудетото, секоја друга комбинација им одговара на росонерите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.