24фудбал

Инсиње со гол се прости од навивачите на Наполи, Џенова пред испаѓање (ВИДЕО)

Наполи со 3-0 ја совлада Џенова, Лоренцо Инсиње со гол се проси од навивачите откако од втора погоди од белата точка.

Италија

Џенова е пред испаѓање во Серија Б по поразот кај Наполи со 3-0. Откако гостите промашија неколку шанси за гол, Осимен го отвори резултатот во 32. минута и со глава ја затресе мрежата на Сиригу.

По петнаесетина минути игра во второто полувреме беше досуден пенал за Наполи, Лоренцо Инсиње промаши но судијата го повтори ударот а капитенот на Наполи погоди од втора и со гол се прости од навивачите.

Конечниот резултат беше поставен на десетина минути пред крајот Лоботка со удар од врвот на шеснаесетникот донесе 3-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.