24фудбал

Ливерпул ќе чека услуга од Џерард за титулата, Сити киксна против Вест Хем (ВИДЕО)

Манчестер Сити киксна на гостувањето кај Вест Хем, „граѓаните“ се вратија од два гола негатива но промашија пенал во финишот за победа и три бода.

Англија

Манчестер Сити и понатаму сам решава за титулата во Премиерлигата, но Ливерпул ќе има малку повеќе надеж откако избраниците на Пеп Гвардиола попладнево кикснаа на гостувањето кај Вест Хем и одиграа 2-2.

„Чеканите“ го изненадија фаворитот во првото полувреме и со двата гола на Боувен, на пауза заминаа со предност од 2-0.

Сепак, на стартот од вториот дел, Грилиш намали на 2-1 а потоа Цоуфал си постигна автогол за 2-2 во 79. минута.

„Граѓаните“ во финишот имаа шанса за целосен пресврт, судијата со помош на ВАР досуди пенал но Фабиански го одбрани ударот на Марез за поделба на бодовите.

На Манчестер Сити сега му треба победа во последното коло или кикс на Ливерпул за да ја одбрани титулата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.