24фудбал

Салах откри дали ќе биде подготвен за дуелот со Реал и финалето од Лигата на шампиони

Мохамед Салах синоќа заработи повреда против Челси во финалето од ФА Купот, но Египјанецот очекува да биде подготвен за пресемтката против Реал Мадрид и финалето од Лигата на шампиони.

Англија

Ливерпул вчера на пенали го совлада Челси на Вембли и стигна до трофејот од ФА Купот, но „црвените“ останаа без двајца фудбалери поради повреда, а се чини дека посериозна е онаа на Мохамад Салах, кој по половина час игра седна на тревата и се жалеше на болки во препоните.

Следните денови ќе се знае повеќе, но по крајот на натпреварот, Египјанецот излезе со охрабрувачка изјава.

Запрашан дали ќе биде подготвен за дуелот против Реал Мадрид и финалето од Лигата на шампиони, тој кратко одговори: „Секако, секако“.

За ситуацијата на Мохамед Салах, тренерот Јирген Клоп рече: „Моравме да го замениме Мо, тоа беше моја одлука, повеќе од претпазливост. Мо ми рече, „Почувствував нешто, но можам да продолжам“. Јас му одговорив, „Не, никако“. Ретко кога на некого му било подобро откако ќе одигра цел натпревар, обично е обратно, повредата станува полоша“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.