24фудбал

Ливерпул на пенали го победи Челси и го освои ФА Купот (ВИДЕО)

Ливерпул го крена вториот трофеј оваа сезона откако на пенали го победи Челси во финалето од ФА Купот, натпреварот по 120 минути игра беше 0-0.

Англија

По Лига Купот, Ливерпул оваа сезона го освои и ФА Купот. Челси и во ова финале остана со празни раце, повторно загуби на пенали.

И двете екипи имаа свои шанси во текот на 120 минути, но не ги искористија. Пех за Ливерпул беше и повредата на Салах кој мораше да го напушти натпреварот во 33. минута.

Во пенал серијата Аспиликуета промаши за Челси, а Ливерпул беше перфектен се до петтата серија кога Менди го одбрани шутот на Мане по што се влезе во дополнителни серии.

Во шестата серија погодија Зијеш и Диого Жота, но во седмата промаши Маунт, Цимикас реализираше за Ливерпул по што почна радоста на црвените.

До крајот на сезоната Ливерпул ќе има шанси да крене уште некој трофеј, мисијата за титулата во Премиерлигата изгледа тешка, но тие се и во финалето од Лигата на шампионите.

Видеото од пеналите можете да го погледнете на овој ЛИНК.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.