24фудбал

Левандовски: Веројатно го одиграв последниот меч за Баерн Минхен

Денеска заврши сезоната во Бундеслигата, а Роберт Левандовски веројатно ќе го напушти Баерн Минхен во летниот преоден рок.

Германија

Салихамиџиќ претходно потврди дека Левандовски не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхен, сака да си замине од клубот, а веројатно негов следен предизвик ќе биде Барселона.

Денеска Левандовски постигна гол за Баерн Минхен кој одигра 2-2 на гостувањето кај Волфсбург. Веројатно тоа беше негов последен погодок за Баварците.

„Голема е веројатноста дека ова беше мојот последен натпревар за Баерн Минхен. Не можам да го кажам тоа 100 проценти, но веројатно е последниот меч. Сакаме да го најдеме најдоброто решение за мене и за клубот“, изјави Левандовски.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.