24фудбал

Шок за Ливерпул, Салах се повреди!

Мохамед Салах поради повреда предвреме го напушти финалето од ФА Купот против Челси, нејасно е дали ќе биде подготвен за дуелот со Реал Мадрид.

Англија

По половина час игра Салах седна на теренот и се пожали на повреда. Веројатно станува за истегнување на препоните, но дополнително ќе се знае за што точно се работи и колку време тој ќе биде надвор од теренот.

На негово место во игра влезе Диого Жота.

Навивачите на Ливерпул стравуваат дека тој може да го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Салах е желен за одмазда против Реал Мадрид за претходното финале од Лигата на шампионите меѓу овие два клуба кога кралскиот клуб победи, а тој порано поради повреда го заврши тоа финале.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.