24фудбал

Салихамиџиќ потврди: Левандовски сака да си оди од Баерн Минхен

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасал Салихамиџиќ потврди дека Роберт Левандовски не сака да потпише нов договор, негова желба е да си замине.

Германија

Роберт Левандовски сака ова лето да ја смени клупската средина, а како негова следна дестинација се посочува Барселона.

„Зборував со Роберт, тој ме информираше дека не сака да ја прифати понудата за нов договор, негова желба е да го напушти клубот летово“, изјави Салихамиџиќ.

Според Фабрицио Романо, Барселона е подготвена да ги прифати барањата на Левандовски и да му даде договор каков што тој сака. Но, останува да се види дали ќе биде постигнат договор меѓу меѓу двата клуба бидејќи неговите обврски кон Баерн Минхен истекуваат во јуни 2023 година.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.