24фудбал

Две ѕвезди на Манчестер јунајтед се степале на тренинг

Во четвртокот, на тренинг се степале двајца фудбалери на Манчестер јунајтед по што Ралф Рангник предвреме го прекинал тренингот.

Англија

По срамниот пораз од Брајтон од 4-0, фудбалерите на Манчестер јунајтед добија одмор од четири дена со оглед на тоа дека тие до крајот имаат само уште еден натпревар кој го играат на 22. мај.

Но, наместо фудбалерите да се вратат свежи и одморени, на првиот тренинг по кратката пауза се случил инцидент.

Според весникот „Сан“, две ѕвезди на Манчестер јунајтед имале физичка пресметка, по што Ралф Рангник го прекинал тренингот.

Се уште не е познато кои се фудбалерите кои учествувале во инцидентот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.