24фудбал

ПСЖ донел одлука кој ќе остане, а кој ќе замине од Донарума и Навас

Во текот на следната сезона тренерот на ПСЖ нема да има проблеми кој голман да го одбере бидејќи раководството одлучило да не ја прави истата грешка и да има само еден елитен чувар на мрежата.

Франција

Информациите од Франција велат дека во ПСЖ одлучиле Џиџо Донарума да остане и да биде прв голман следната сезона. Тие чекаат понуди за Кејлор Навас кого планираат да го продадат.

Оваа сезона Донарума и Навас ги делеа натпреварите, а со тоа не беа среќни ниту едниот, ниту другиот.

Донарума рече дека поради тоа што немал нормален континуитет на натпревари не можел да влезе во својата најдобра форма.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.