24фудбал

Барди ќе му остане верен на Леванте и во втора лига?!

Енис Барди се огласи на социјалните мрежи и испрати порака до навивачите на Леванте која може да се протолкува како најава на Македонецот дека и следната сезона ќе го носи дресот на „жабите“.

Македонија

Леванте следната сезона ќе игра во втора лига, Реал Мадрид вчера им ја запечати судбината со убедлива победа од 6-0.

Се веруваше дека ова само ќе го забрза трансферот на нашиот Енис Барди, за кого интерес пројавуваат голем број клубови ширум Европа.

Сепак, Македонецот попладнево се огласи на социјалните мрежи и испрати порака до навивачите која може да се протолкува како најава на фудбалерот од средниот ред дека останува.

„Дојдов во Леванте пред пет години, дојдов со желба да напредувам, со желба да бидам на нивото на овој голем клуб. Заедно доживеавме добри и лошо моменти, а оној од вчера е еден од најлошите и најтешките во мојата кариера. Огорчени сме бидејќи не бевме на висината на задачата, не бевме на нивото на навивачите кои и вчера беа со нас во најтешките моменти. Можам само да ви се заблагодарам за поддршката и ЗАЕДНО ќе го вратиме клубот каде што припаѓа“ – гласеше пораката на Енис Барди.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.