24фудбал

Јувентус сакал да го ангажира Перишиќ, Хрватот сепак договорил трансфер во Премиерлигата?!

Според пишувањата на Спортмедиасет, Јувентус пријавил интерес за ангажман на Иван Перишиќ, но Хрватот веќе имал договорено соработка со Челси.

Италија

Интер останува без Иван Перишиќ, ова попладнево го пренесе Спортмедиасет. Хрватот практично има формализирано соработка со Челси.

Двете страни начелно договориле се, останува да се испеглаат уште неколку детали и да се извршат лекарските прегледи.

Спортмедиасет додава дека Јувентус пројавил интерес за услугите на Иван Перишиќ, но преговорите со Челси веќе биле во напредна фаза и речиси е сигурно дека тој кариерата ќе ја продолжи во Челси.

По крајот на финалето во Купот на Италија, меч на кој Иван Перишиќ постигна два гола, Хрватот испрати отровни стрели до раководството на клубот и третманот кој го добил изминативе месеци.

Се шпекулира дека Интер на маса ставил двегодишен договор и плата од 4,5 милиони евра по сезона, додека пак Иван Перишиќ побарал плата од 6 милиони евра и преферирал договорот да биде на три години.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК