24фудбал

Агентот на Конте: Антонио е опседнат со победи, не знам дали ќе остане во Тотнем

Агентот на Антонио Конте, Федерико Пасторело вели дека поголеми се шансите неговиот клиент да остане во Тотнем, но можно е и да си замине на лето.

Англија

Тотнем под водство на Конте во последно време има сериозен напредок и дојде на бод до четвртото место кое носи во Лигата на шампионите.

Пасторело во интервју за „Ла Република“ вели дека шансите за Конте да остане во Тотнем се 60-70 проценти.

„Тој е опседнат со победи, затоа е еден од тренерите кои најмногу победуваат таму“, вели агентот.

„Тој има способност да го промени тимот, но јасно е дека тоа не е доволно да ја освои Премиерлигата. Понекогаш него го сметаат како тежок тренер, но доколку јас бев директор, јас би сакал победнички тренер повеќе отколку тренер кој ќе ми го направи животот мирен. Тој е задоволен со тимот и мислам дека има 60-70 проценти шанси да остане“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.